TeamLAB во Париз ја претстави својата нова изложба наречена Beyond the limits.
Инсталацијата Beyond the limits ве води во светот на соништата каде посетителот престанува да биде само набљудувач, туку и учесник во самата инсталација, бидејќи секој чекор или движење влијае на дигиталните флуиди.
Сместена помеѓу уметноста, науката и технологијата, оваа необична 3D инсталација претставува фасцинантно патување.