КИФЛИЧКИ ОД ЈОГУРТ СО МАРМАЛАД
Време да отстои тестото: 1 час
Време на печење: 20 минути
Температура на рерната: 180
25 дкг путер
50 дкг брашно
1 јогурт
1 прашок за пециво
мармалад за полнење
прав шеќер – за наросување
Измешајте ги заедно: путерот, брашнoто, јогуртот и прашокот за пециво во глатко/мазно тесто. Ставете го тестото во фрижидер 1 час (претходно обвиткано во прозирна фолија).
Загрејте ја рерната на 180C. Тестото развлечете го во круг и сечете на триаголници. Наполнете ги со мармалад, свиткајте ги во форма на кифлички и печете ги во рерна на масна хартија. Се печат во загреана печка 20 минути. Веднаш потоа додадете им го шеќерот и сервирајте ги. И топли и студени се совршени.