Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Нинослав Антоски
Нинослав Антоски себеси се смета за аматер кој се стреми кон професионализам. Негов најголем предизвик е фотографирање на портрети.
Победничката фотографија е направена во Белград со професионален апарат, а е едитирана со Lightroom и некои од алатките на Instagram.
Kонтакт со Нинослав можете да воспоставите преку неговиот Instagram.
Огнен Бојковски
Огнен Бојковски се занимава со професионална фотографија веќе 10 години, а омилен правец му е „landscape“ фотографијата, додека најголем предизвик му е да ја фотографира природата, поради нејзината честа преобразба и проникливост.
Победничката фотографија е направена во Маврово со дрон dji spark од околу 120 метри висина, а објектот кој се гледа е црквата св. Никола.
Контакт со Огнен можете да остварите преку Facebook, Instagram или преку неговиот вебсајт.
Мила Станоеска
Мила Станоеска е фотограф аматер која преку фотографијата се релаксира од секојдневните обврски, а инспирацијата ја црпи од уличните сцени и урбаната архитектура. Зад себе има учество на неколку хуманитарни изложби, а била и член на жирото најубавата Инстаграм приказна во Македонија “#фотонанеделата“ организирана од телекомуникацискиот оператор оне.Вип.
Победничката фотографија е напревена во Центар, Скопје, со мобилен телефон, а е едитирана со алатките на Instagram.
