Versace презентираше одлична колекција за пролет / лето 2019, а главна ѕвезда на ревијата беше Kendall Jenner.
Kendall Jenner се врати на модната писта по петмесечна пауза во цветен фустан и длабоки чизми од истиот дезен.
Новата Versace колекција се состои од шарени одела, маици со натписи, ремени со големи токи и големи обетки.
Колекцијата е полна со неонски бои, цветни отпечатоци и препознатливото лого на Versace .