Париските деликатеси Fauchon, се најпознати по своите вкусни и убаво креирани десерти …
Тие, исто така, лансираа и дизајнерски еклери во партнерство со брендови како Lacoste, Thierry Mugler и Givenchy. Сепак, овој сладок бизнис сега се движи во друга насока, тие ги открија плановите за лансирање на синџир од дваесет бутик хотели.
Всушност, првиот од овие хотели ќе ги отвори своите врати на 1 септември оваа година, на Place de la Madeleine во главниот град на Франција. Хотел со пет ѕвездички и педесет и четири соби, а со име Fauchon L’Hotel Paris.
Гостите на хотелот Fauchon ќе имаат неверојатно пријатен престој. Хотелот првенствено ќе се фокусира на гурманскиот аспект на својот бренд, со погодности како што се гастрономски бар во собата – што е интересен, луксузен пресврт кон вообичаениот хотелски мини бар, кој ќе им понуди на гостите избор на бесплатни производи Fauchon.
Брендот планира да го прошири својот нов бизнис и на други локации, во Азија, Европа, Средниот Исток и Америка.