Со цел да се најде интересен изглед во едноставната макси силуета, одберете модели кои ги красат најновите трендови. Од откриени рамења до играта со воланите, од минималистичка асиметрија до боемскиот сјај, новата сезона нуди раскош во рамките на едноставноста на макси-моделот, омиленото летно парче на дамите.
Подолу, ви прикажуваме неколку макси модели на летни фустани, идеални за секоја летна прилика. Одберете модел во неутрална боја, декориран со цветни мотиви или во живописни нијанси на основните бои и во нив пронајдете го совршениот одговор на прашањето, што да облечам на летните прослави и забави?