Иднината на електричната мобилност е уште еден чекор поблизу: Сериското производство на првиот целосно електричен автомобил на Porsche ќе започне следната година. Концептот Mission E сега го доби своето име и ќе биде познат како Taycan.

Taycan2

Името може грубо да се преведе како “жив млад коњ”, што се однесува на логото на Porsche каде се наоѓа коњ во скок уште од 1952 година.

Taycan5
“Нашиот прв целосно електричен спортски автомобил е силен и сигурен; тоа е возило кое може да премине долги растојанија и тоа ја олицетворува слободата “, објаснува Оливер Блуме, претседател на Извршниот одбор на Porsche AG.
Taycan4

Taycan го означува лансирањето на првиот електричен спортски автомобил со душата на Porsche, кој јa најави својата прва електрична серија како дел од “70 години на спортски автомобили”.

Двата перманентни синхрони мотори (PSM) со излезна моќност од преку 600 КС (440 kW) го забрзуваат електричниот спортски автомобил до 100 км/ч за помалку од 3,5 секунди, а до 200 км/ч за помалку од дванаесет секунди. Овие одлични перформанси одат во во прилог на континуирано ниво на дистрибуција на моќта која произлегува од електричниот погон на Porsche. Покрај импресивните перформанси, Taycan исто така ќе поминува 500 километри со само едно полнење на батериите, во согласност со NEDC.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDolce & Gabbana „Bellucci Majolica“ – за летни забави! 
Следна објаваМузеј на град Скопје: Изложба на Лидија Саздовска – четири децении ликовно творештво!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР