Прекрасните сандали од брендот Dolce & Gabbana од колекцијата „Bellucci Majolica“, се изработени од најквалитетната кожа. Дизајнот започнува со печатење мајолика, а потоа дизајнерите додаваат кристален брош и тенко шарено ременче околу глуждот.
Доколку ги купите, носете ги со лесни летни алишта и за момент ќе имате чувство дека сте на забава, која се одвива на некоја цветна тераса во Сицилија.