Ново, магично место во Загреб…
Hugo’s garden е прекрасно место за уживање и опуштање.
Сместена веднаш до Hugo’s bar, оваа нова градина е место каде при следната посета на Загреб би сакале да го започнеме денот, гледајќи го изгрејсонцето со утринското кафе или да се релаксираме по напорното туристичко разгледување на градот.
Топлите денови во Загреб и вечерните часови сега имаат нова алтернатива.
Ова е совршено место за прослава на родендени, презентација на нови идеи или деловни собири. Неговата визија е да ги направи луѓето посреќни, со обезбедување на поинакво чувство за простор.