Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Мила Станоеска
Мила Станоеска е фотограф аматер која преку фотографијата се релаксира од секојдневните обврски, а инспирацијата ја црпи од уличните сцени и урбаната архитектура. Зад себе има учество на неколку хуманитарни изложби, а била и член на жирото најубавата Инстаграм приказна во Македонија “#фотонанеделата“ организирана од телекомуникацискиот оператор оне.Вип.
Победничката фотографија е напревена во Центар, Скопје, со мобилен телефон, а е едитирана со алатките на Instagram.

Андроники Антонијадис

Никола Јакaноски
Никола е фотограф аматер кој се стреми брзо кон професионализам, а за секоја фотографија се труди да го извлече најдоброто. Најголем предизвик за Никола се деловите во денот кога Сонцето изгрева и заоѓа.
Победничката фотографија е направена со поглед на сончевите зраци кои ја осветлуваат планината Јабланица, а главна асоцијација на фотографот било македонското знаме. Фотографијата е направена со Samsung Galaxy A5, а е едитирана во Snapseed.
Контакт со Никола можете да воспоставите преку неговиот Facebook и Instagram.