Две легендарни имиња од модниот свет Net-A-Porter и Balmain, скоро се здружија за да создадат неверојатно убава, елегантна и луксузна летна колекција …
Инспирирана од гламурот на Кан, Сен Тропе и други дестинации на Азурниот брег, оваа колекција е дизајнирана како идеална летна гардероба која ги покрива сите ваши потреби – од секојдневени до целосно гламурозни.
Блузи со линии и тегет блејзери, со златни детали и прекрасен крој, нудат освежителен пристап на класичниот морнаски изглед, а ќе ве наведат да сонувате за сите настани кои би сакале да ги посетите.
Јадрото на оваа колекција се рефлектира во една реченица – изгледајте модерно, каде и да одите …