Оваа годинава во мода се фризури со големи таласи и ниски “неуредни” пунџи.
Ако сакате плетенки, тогаш најдобар избор е дебела плетенка во секоја варијанта.
При изборот на фризура за свечени прилики, мора да посветите посебно внимание на должината и бојата на косата, како и обликот на лицето, бидејќи постојат идеални фризури за секоја форма на лице, како и изборот на облеката.
Потрудете се да изгледате уникатно и женствено.
Таласи за долга коса
За разлика од прецизно дефинираните таласи, како оние од 1960-тите, кои беа модерни во последните неколку сезони, во мода се повторнно таласите, но сега по-опуштени, светли и ненаметливи. Со оваа фризура ќе изгледате опуштено и испраќате порака дека не се трудите премногу да изгледате толку совршено. Вашиот млад и бунтовен дух ќе дојде до израз.