Дизајнерите ги прикажаа колекциите за 2018, а ние овој пат, на модните писти од Њујорк до Париз, забележавме прекрасни бели фустани кои лесно можат да ја заменат класичната венчаница.
За разлика од класичните венчаници, овие фустани се наменети главно за невести кои се храбри, смели и подготвени да експериментираат со најновите трендови.
На пример, можете да ја погледнете колекцијата на Шанел за пролет / лето 2018 и да одберете фустан со дискретно сјајна текстура, а можете да му дадете шанса и на фустанот со пердуви на Ив Сен Лоран или проѕирниот фустан од тантела на брендот Александар Меквин.
Уште еднаш ги разгледавме колекциите што беа презентирани на модните недели и пдбравме неколку фустани, кои лесно можат да ги заменат класичните венчаници.