Судејќи по се, претстојната есен ќе биде многу модерна, благодарение на брендот Bottega Veneta …
Оваа италијанска модна куќа ја прикажа својата пред-есенска колекција за 2018 година. Нивната нова понуда нуди неформален став, со сугестии на монохроматски детали. Обоени дуксери, памучни одела и многу други детали кои ги забележавме во оваа колекција.
Презентирајќи ги најдобрите комбинации на костуми, моделите ни го доближија богатството и убавината на палетата на Bottega Veneta, за претстојната сезона, вклучувајќи црвени, зелени, сини и виолетови тонови.
Рамно сечени панталони и кошули кои се комбинираат со лесни сакоа, патики и кожни торби. Најмногу ценет заради своите модни додатоци, брендот Bottega Veneta воспостави нов тренд со своите шарени ремен-торби.