Клучен моден детаљ веќе неколку сезони е мини чантата, која ги собира сите потребни работи. А мини чантите во форма на ранец се апсолутен моден хит.
Речиси да нема поголема дизајнерска модна куќа која не ги прикажа своите фаворити. Модната куќа Chloe, неодамна го претстави кожниот мини ранецот Faye во два нијанси – сина и нежна розова.
Сината верзија има преклоп од еленска кожа од предната страна и доаѓа во светло сина нијанса, додека ранецот “Blush Pink” е целосно изработен од мазна кожа и има прилагодливи ремени за на рамо.
Двата модели имаат магнетско затворање, златно печатење на брендот и голема алка со ланец како заштитен знак. Цената на овие ранци е околу 1.600 долари.