Инспирацијата можете да ја добиете насекаде во светот. Таков е случајот и со дизајнерот Кристијан Лубутин кој инспирацијата за новата колекција на торби ја доби токму во живописната Манила, од неговата неодамнешна посета на Филипините.
Боите, ведрите луѓе и енергијата, го инспирираа познатиот дизајнер да креира чанти што го одразуваат градскиот дух на Манила.
Новата колекција се вика Manilacaba и е достапна во две верзии – тексас сина и црна сатенска.