Брендот Christian Louboutin е синоним за одважни – црвени нијанси, кои ги красат ѓоновите на неговите чевли, но за лето 2018, брендот ни прикажа нешто поживи тонови …
Колекцијата лакови за нокти Loubiflash, е претставена како продолжение на луксузниот Rouge Louboutin асортиман, а овој пат, таа има ултра јаки тонови.
Презентирани се три опции – Neoprene – посветла розе, Crosta Meteor – портокалова и Dragonflash – паун зелена.
Оваа колекција ви нуди можност да ја скршите монохроматската шема на бои на вашиот autfit.