По неколку години соработка и пријателство, Марк Џејкобс и Ана Суи ги здружија силите за да создадат единствена, уникатна колекција.
Колекцијата содржи многу атрактивни додатоци, како што се впечатливи чанти, и привезоци за клучеви и патики, а целиот овој асортиман ги прикажува илустрациите на уметникот Вилијам Брум, кој е главен виновник за карикатурите на Miss i Mister Jacobs.
Колекцијата исто така содржи маици со долги и кратки ракави во црни, бели и сиви нијанси, како и препознатливата пурпурна боја на Ана Суи со графички принт.