Родителите се често во дилема, дали децата треба да јадат слатки?
Истражувањата покажале дека децата на кои не им било дозволено да јадат слатки во првите години од животот, најчесто тајно јаделе храна и пиеле пијалоци што им ги забранувале нивните родители, како што се чоколадата и газирани пијалоци.
Ако на детето не му е дозволено да јаде слатки во првите години на животот, тоа сигурно ќе ги проба кога ќе почне да се дружи со други деца, особено кога ќе тргне на училиште.
Тие видови на забрани не влијаат позитивно врз односот помеѓу детето и родителот. На децата треба само да им се објаснат добрите и лошите страни на одредена храна и да им се дозволи консумирање на истите во умерени количини.