
Најубавата плажа во Австралија
Сите знаеме дека Австралија е позната по своите прекрасни, долги и песочни плажи. Велат за да ги посетите сите австралиски плажи секој ден по една, ви требаат 28 години.
Whitehaven Beach; Whitsunday Island
Една од најубавите и најчисти плажи во Австралија е позната по својот бел песок, кој е составена од 98% кварц, а со кристално чистото море се протега повеќе од 7 километри долж островото Whitsunday.
Нај фотографираната плажа во Австралија и оваа година ја доби наградата како најубава плажа на Австралија по избор на патниците на веб-страницата Tripadvisor.
На северниот крај на островото постои залив наречен Hill Inlet, каде што плимата ги префрла песокот и водата едно преку друго, создавајќи прекрасна комбинација на бои.