Квалитетот и луксузот се два збора кои најчесто се синоними за машката мода со потпис Made in Italy, а резултатот е често премногу висока цена.
Италијанскиот брент “Eleventy” го промени овој термин користејќи висококвалитетни ткаенини и кроеви кои нудат исто ниво на извонредност, како и многу други современи брендови, но по многу пониска цена. Брендот лансиран во 2007 година од Marco Baldessari, Paolo Zuntini и Andrea Skuderi, има за цел да ја направи италијанската мода пристапна за современиот маж со фокус на одржливоста.
Брендот е фокусиран на костуми, едноставни одделни парчиња на облека, како што се јакни, панталони, кошули или бермуди, кои нудат опции за слоевито облекување во модерни и мирни бои.
Стилот е класичен, но инклинира кон модерните трендови, па во колекциите можете да најдете кратки јакни, кратки панталони и slim fit облека со потпис на Baldessari.