Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Зорица Петкоска
Зорица Петкоска работи за јапонско списание во Токио и често во самиот склоп на работата таа ги искористува своите професионални фотографски способности. Најголем предизвик да фотографира на Зорица и е магичниот склоп на луѓето и уметноста од која не може да се избега, архитектурата.
„Оваа фотографија е направена на Санџа Мацури, еден од трите најголеми народни
фестивали во Токио. Овие фестивали се поврзани со Шинто религијата и се големи прослави на кои се чествуваат боговите, се танцува и се пее. Јас работно правев репортажа од утро до мрак на еден дел од организаторите за тоа како се подготвуваат за фестивалот, што прават, како се облекуваат и слично. Благодарение на уредничката на таа рубрика, Марико, ги запознав нејзините роднини на фотографијата кои ми позираа за да имам фотографија од типична традиционална машка и женска
фестивалска облека. Нивната ќеркичка, Чихиро, ѕиркаше љубопитно од страна и
тогаш спонтано решив да ја има и неа на фотографиите. Одеднаш се сетив како да
ја фатам целата нејзина енергија и ентузијазам, па ја замолив да скока, а јас апаратот го наместив на burst. Фотографијата е направена со Samsung NX 3000, на денска светлина и воопшто не е едитирана, фотографирана е директно во црно-бело.“
Со Зорица можете да контактирате преку нејзиниот Инстаграм или e-mail. zorica.petkoska@yahoo.co.uk
Симона Галазова
Симона Галазова е аматер – фотографка, која се стреми кон професионализам, а главен извор и предизвик за фотографијата е архитектурата.
Победничката фотографија е направена на пат за Стокхолм со мобилен телефон, а е едитирана со VSCO.
