Пред нас е летната сезона, па затоа решивме да ги разгледаме светските модни трендови со фокус на костимите за капење и издвојуваме некои од најголемите.
Погледнете кои модели на костими за капење ќе се носат ова лето!
На едно раме
Трендот од маиците и фустаните, премина и на костимите за капење. Но, мора да признаете дека овие костими за капење изгледаат одлично и уникатно.
Потполно бел костим за капење е идеален за деновите поминати на плажа. Сем што ќе го истакне вашиот тен, со додаток на здолниште, ќе добиете одлична комбинација за журка на плажа.
Уште еден новитет во светот на капачките костими е ребрастиот материјал кој му дава длабочина на целокпниот изглед.
Тука не станува збор за тоа како се облекува моделот, туку за деталот кој визуелно дава потенка силуета. Овој модел ќе ја истенчи вашата фигура и ќе ги истакне облините.
Постои ли жена која не сака да креира визуелно потенка половина? Еден од тие трикови е носење на костим за капење со V изрез кој ќе ги истакне вашите гради и врат, а ќе го одвлече вниманието од мевот.
Дезени кои ве прават потенки
Без разлика дали имате фигура на песочен часовник или не толку истакната половина, доволно е да облечете стратешки поставен дезен и вашата мака ќе заврши.
Точки
Точките се како и секоја година голем тренд!
Модел “овошје”
Забавни, сестрани и тотално кул, ќе се вклопат со вашиот исончан тен и атмосферата која ја носат топлите летни денови.
Се надеваме дека ви помогнавме во изборот на костими за капење, кои се во тренд за оваа 2018 година!
Убав летен одмор ви поскаува Divian Arts.com!