Секоја жена сака да биде успешна, но за тоа се потребни промени.
Трите клучни промени кои секоја жена треба да ги направи ако сака да биде успешна се:
Престанете да се извинувате
Ако сте направиле грешка, извинете се, но ако постојано и без причина се извинувате, ја губите својата моќ. Луѓето мора да почнат да ги слушаат жените на поинаков начин. Но и жените не треба лесно да се откажат од својата моќ.
Во комуникацијата е најважна рамнотежата помеѓу топлината и директноста. Можете да се насмеете, но останете цврсти на вашите барања. Секогаш останете пристојни, но исто така и јасно покажете ги вашите желби и барања.
Бидете кројач на вашата среќа
Станете жена која секогаш се наоѓа на вистинско место и во вистинско време. Своите прилики мора да ги создадете сами и изборете се за место во деловното опкружување. Едукацијата, стекнувањето контакти, одењето на разни конференции и слично, се многу важни за развојот на вашата кариера. Значи, така запознавате потенцијални соработници и добивате простор за пласирање на нови идеи.
Променете го својот став кон неуспехот
Жените најчесто неуспехот го доживуваат лично. Се плашат да рескираат и се залагаат за исправни одлуки. Треба да ја развиете свеста дека најдобро се учи од неуспехот и грешките и дека тие се безбеден пат до успехот.
Потребата за совршенство само не саботира на патот кон успехот, стравот не спречува да се движиме и чекаме самодовербата да ни падне од небо, а не сфаќаме дека аа самодовербата всушност, и претходи искуството..