“Excelsior Hotel Gallia” во Милано е сопственик на најраскошниот хотелски апартман на светот, според овогодишниот “World Travel Awards”.
Апартманот Katara, втора година по ред ја освојува оваа титула на водечки светски апартман, кој е водно и најголем во Италија.
Во раскошниот апартман можат да претстојуваа 8 гости, а најсоодветни е за дипломати. Гостите можат да уживаат на приватните тераси, а апартманот има непробојни прозорци и приватно спа, кое вклучува хидромасажна када.
Апартманот има четири спални соби, вклучувајќи и две детски, во кои се наоѓаат лустери од Мурано стакло. Апартманот има “дипломатски влез” и конференциска сала, а во цената е вклучен и 24-часовен батлер сервис.
Една ноќ во апартманот чини 20.000 долари, а гостите имаат можност да го резервираат и соседниот апартман “Princess” кој е поврзан со Katarа.
Во нашата фото галерија, погледнете како изгледа најлуксузниот апартман во светот.