Сите луксузни модни куќи се вратија на некој начин во 90-тите, инспирирани од повторното креирање на појас-чанти..
Готово да не постои фотографија на Instagram која нема барем една таква чанта.
Неодамна и Сен Лоран ги покажа своите нови модели, а најновите креации кои доаѓаат и од модната куќа Фенди се во оваа форма, во црна како и во црвена нијанса.
Оваа појас-чанта на Fendi доаѓа со големо златно лого кое е на местото на копчето за закопчување.
Тоа што е интересно, овие чанти можете да ги носите и преку рамениците, благодарение на синџирот што го добивате со купување на овој моден додаток. Значи, добивате појас и чанта. Два модни детали.