Новите сандали на Прада се апсолутен хит!
Прада ни предлага лето со цвеќиња на нашите нозе. Во буквална смисла.
Новите сандали на Прада нагласени со гумени цвеќиња, ќе ви ги вратат најубавите спомени од вашето детство.
Сандалите се достапни во портокалова боја со прекрасни, лила, жолти и розови детали, како и во црна боја.
Традиционалниот Прада брендинг се наоѓа на зглобното копче како и на долниот ѓон од сандалата. Во случај да баш сакате да ги покажувате логоата.
Ако се прашувате каде да ги носите овие весели сандали, нашата препорака е дека тие се идеални за плажа, пешачење по градот, а се носат со минималистички комбинации на облекување.