Секоја невеста го бара совршениот пар чевли за денот на свадбата.
Сите знаеме дека тоа може да биде најстресниот дел од подготовката, затоа што освен удобноста или изгледот на фустанот, исто така, треба да сметате дека најголемиот дел од тој ден ќе го поминете на – на нозе. Затоа, идејата за свечени патики може да звучи како одличен избор!
Во кампањата можеме да видиме реинтерпретација на модерна hippy невеста и евоцирање на атмосферата од 60-тите години. “Вклучи се, движи се и отфрли ги правилата” беше мотото на хипи движењето, како и вредностите на слободата и опуштеноста, а токму тоа се елементите што самите дизајнерки ги идентификуваат со невестите и девојките кои го носат нивниот дизајн.
Накратко, новата колекција на Shuz wedding е идеална комбинација на едноставност и гламур. Патиките може да бидат совршен подарок за другарките на невестата, кумата, малите деверуши, мајки и баби и за сите дами, кои не сакаат да се чувствуваат непријатно во високи потпетици.