Од сега па натаму можете да престојувате во луксузен пловечки хотел и да ја доживеете Јапонија на единствен и сосема поинаков начин.
“Guntu“крузер-хотелот, ги пренесува гостите преку јапонското море и располага со 19 соби, бар, суши ресторан, сауна и фитнес сала..
Хотелот го добил името по малите ракови Guntu, по кои надалеки е позната оваа локација.
Guntu изгледа како пловечка традиционална јапонска гостилница, благодарение на минималистичката внатрешна декорација направена од полно дрво и широки прозорци со поглед на бескрајното синило.
До главниот ресторан каде што се сервираат европски јадења, исто така има и мал дел посветен на суши, направени од свежо уловена риба.
Хотелот Guntu има за цел да го искористи шармот и потенцијалот на својата позиција и да привлече колку што е можно повеќе гости.