Во изминатиов период, ве мачи познатиот пролетен пад на енергијата и постојаната желба да ја надминете со прекумерно уживање во слатки?
Пред да стигнете до слатките со целосен рафиниран шеќер во продавницата, застанете кај делот за овошје и здрави нанирници и во кошницата вметнете состојки за вашата совршена smoothie чинија.
За да го подготвите овој здрав овошен оброк ви требаат:
– 1 чаша млеко по ваш избор
половина чаша замрзнати шумски плодови
половина чаша свежи јагоди
– половина чаша свежи малини или боровинки
– 1 лажичка чиа семе
– 2 лажици кокосово брашно
– половина лажичка арома на ванила
Измешајте ги состојките, оставајќи на страна 1/4 свежо овошје. Измешаните состојки ставете ги во блендер додека не добиете мазна (smoothie) текстура. Потоа префрлете ја во сад и додадете го преостанатото свежо овошје и посипете со малку кокосово брашно и чиа семки.