Боемски стил – удобен, секојдневен, екстравагантен …
Лежерен, со голема имагинација и никогаш досаден, боемскиот начин на облекување е претставен во речиси сите женски модни колекции, без оглед на сезоната.
Во боемските комбинации се преплетуваат лежерноста и екстраваганцијата и затоа секогаш го привлекуваат вниманието. Тоа подразбира комотна облека со необични кроеви надополнета со импресивни детали. Овој стил ги спојува урбаното и рустикалното.