Во последните неколку сезони, кимоното ја покажа својата сестраност, па затоа не е чудо што е дел од гардеробата на сите светски и познати модни трендсетерки.
Кимоното е модно парче во кое секогаш ќе бидете забележани, а може да биде и многу практично.
Во слоевитете пролети и летни комбинации, кимоната се носат над лесни фустани и над здолништа. Дури и ако го носите само со фармерки и обична маица, кимоното сигурно ќе ја “зачини” вашата облека.
Дека кимонотo дефинитивно ќе остане присутнo на модната сцена и оваа пролет и лето, зборуваат голем број на нови модели, кои се веќе во колекциите на многу познати брендови.