Неверојатна уметничка галерија инспирирана од тропите …
Внукот на познатата колекционерка на уменички дела Пеги Гугенхајм, отвори интересна уметничка галерија во Тулум …
Цементните ѕидови и дрвените подови во различна големина, обезбедуваат невообичаена заднина за прекрасни уметнички дела. Отворена минатиот месец, галеријата IK Lab се наоѓа во мексиканското еко село Азулик во популарното одморалиште на брегот на полуостровот Јукатан.
Проектот беше создаден кога Сантијаго Румнеи Гугенхајм, наследник на познатото семејството и сопственик на локал во Тулум, му предложил на основачот на паркот и одморалиштето, дизајнерот Хорхе Неира Едвард Стрекел, заеднички да отворат уметничка галерија.