Boho Chic, претставува слободен стил и дух, со многу релаксирачки компоненти на декорации, шарени и светли во исто време …
Домашната декорацијa во боемски стил, може да биде многу лесна за креирање, бидејќи не бара големо трошење на пари и секогаш можете да користите некои рециклирани или ретро материјали, вклопени во еден добар “направи сам” проект. Ако сметате дека бохо е вистинското решение за декорот на вашиот дом, но не знаете од каде да почнете, би било најдобро ако се обидете со негова примена на тремот или терасата.
Погледнете неколку најдобри начини за вклопување и максимално уживање во бохо шик стилот, во вашите екстериери …