Дали знаевте дека дивиот костен ја зајакнува косата?
Под прекрасната црвеникаво-кафена кора од костенот, се крие вистинско богатство од исклучително корисни минерали, витамини од B групата, како и од витамините A и C.
Дивиот костен содржи танини кои ја зајакнуваат косата и ја стимулираат размената на материите во клетките на кожата, со што го забрзува растот на косата. За да се уверите во придобивките од дивиот костен, направете го зами “домашниот” лосион за коса.
Подготовка:
Ставете околу 70 грама излупен и ситно сецкан див костен во литар вода и варете околу 20 минути. Префрлете во цедилка и почекајте малку да се излади, па потоа втријте го лосионот во косата, веднаш по миењето. Нанесувајте го лосион три пати неделно, најмалку еден месец.
Покрај спречувањето на сушење на кожата, овој природен лек од див костен исто така, создава заштитен слој околу косата, давајќи и на косата совршен природен сјај.