Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Викторија Николовска
Викторија е фотограф – аматер кој се занимава со фотографија веќе неколку години. Омилена тема за документирање е природата, а најголем предизвик за фотографирање се портретите.
Победничката фотографија е направена во продавница за кафе за носење во Битола. Доловен е ентериерот, кој секогаш е уреден интересно и тематски, овој пат во стилот на тековната сезона. Фотографијата е направена со мобилен телефон, Huawei P8, a обработена е со Snapseed.
Со Викторија можете да стапите во контакт преку нејзиниот Instagram или е-маил. viktorijanikolovska86@gmail.com.
Наталија Маркоска
Наталија аматерски се занимава со фотографија веќе една година, а најголем предизвик и е документирање на моментот. И покрај тоа што не сака себеси да се ограничува, таа ги фаворизира малку повеќе портретите и пејсажите од останатите стилови.
Победничката фотографија е фотографирана во Струга, со Nikon CoolPix P90 и е претставена улична светилка за време на зајдисонце.
Контакт со Наталија можете да воспоставите преку нејзиниот Instagram.
Виктор Јовановски
Виктор е фотограф аматер кој се стреми кон професионализам. Најзабавни за фотографирање му се зајдисонцата, а најголем предизвик е Млечниот пат.
Победничката фотографија е направена спонтано од железничката станица во Скопје.
Контакт со Виктор можете да воспоставите преку неговиот Instagram.