Познати по своите ретро модели изработени од прекрасни тантели eNVy room во новата колекција, мислеше на невестите кои сакаат нешто поинакво и не традиционално.
Минималистички модели од свилен сатен или органsa со своите чисти линии, извонредно се надополннуваат со елегантните детали како што се ситните бисери или рефлектирачките монистри кои внесуваат игра на светлината, додека богатите волани асоцираат на гламурот од седумдесеттите и покануваат на танц.
Бохо невестите ќе се заљубат во лежерните модели од исклучително меки и лесни тантели кои се креирани со лесни волани или пак во моделите кои се со рачно шиени детали, во комбинација со неколку различни тантели.