Viñales – Куба
Tom Mecdermot, уредник на онлајн магазинот и журналот Huckberry, верува дека живописни и енергични улици на Viñales во Куба се нешто што не смеете да го пропуштите. Природата е неверојатно убава, а кога на тоа ќе ја додадете музика во живо и танцување до зори, уживањето е неверојатно.
Овој град се наоѓа во срцето на живописната долина која е единствена по невообичаени форми на рељефот наречена моргота, кои се карактеристични само за Куба. Ова е една од најубавите природни целини кои можете да ги најдете на Куба. Одличната клима направила оваа област да биде исклучително богата со вегетација и да има плантажи со највисок квалитет на тутун во светот.