Можеби оваа сезона, цвеќињата и точките доживеаја големо враќање во многу стилови и верзии, но постојат класици кои никогаш нема да го изгубат своето место на модното небо.
Штрафтите или линиите, како сакате, ја имаат својата верзија речиси секое лето, а рамо до рамо со нив, стои и неговото кралско височество леопард принтот. Иако овој принт има свои обожаватели и хејтери од целиот свет, вие секако ќе го почувствувате неговото силно присуство во текот на сезоната што следи.
Ова не значи дека треба да бидете облечени од глава до пети во овој дизајн. Никако! Така ризикувате да изгледате како див ѕвер ослободен од синџир. Најдобро е леопард принтот да се носи на модните додатоци – сандали, чанти, ремени …
Додадете го леопард принтот на вашите неформални комбинации на облекување и секогаш ќе изгледате модерно и шик.