Marc Jacobs го претстави новиот парфем Daisy Love кој ја продолжува традицијата на парфемот Daisy од 2007 година, а наменет е за младите генерации.
Најверојатно за тоа најдобро сведочи ангажирањето на мега популарната Каја Гербер (ќерка на поранешниот супер модел Синди Карфорд).
Кампањата е снимена на плажа, алудирајќи дека се работи за летен парфем кој содржи цветни ноти со дрвено-мошусна база. Се разбира, сè е во знак на цветот маргарита ( (daisy), што ја краси косата и лицето на манекенката.
Парфемот го креираше познатиот “парфемски нос” Алберто Морилас.