Дали вашиот плакар е опремен со сите актуелни детали за оваа пролет и лето?
Сите капи и шапки се модни фаворити на девојките во постудените денови, но морнарските капи, се класика за сите сезони.
Морнарските капи беа моден тренд минатата есен, оваа зима, а остануваат и за оваа пролет и лето.
Ниту една збирка на капи не е комплетна без морнарските. Тие нè потсетуваат на феноменалниот стил на француските девојки, а кој не би сакал малку шик во секојдневната модна комбинација.