Романтичниот уметник Амадео Модиљани, кој го заврши својот живот како млад и сиромашен во првата половина на 20 век, повторно е во центарот на вниманието.
Сликата на Амадео Модиљани “Nu couché ” или Легнат акт, се продаде синојка во аукцијската куќа Sotheby’s – Њујорк за 157.2 милиони долари. Делото е портрет на гол модел кој што гледа преку своето рамо во гледачот.
Ова платно на Модиљани е дел од серијата на актови кои се создадени помеѓу 1916- 1919 година, а кога прв пат биле прикажани во Приз, предизвикале скандал.
Mr Magnier, кој ја поседувааше оваа слика, ја купил во 2003 година за само 26.9 милиони долари.