Некогаш обожувано од страна на австро-унгарскките аристократи, островото Лошињ, едно од најволшебните, скриени, скапоцени бисери на Хрватска и совршена дестинација за сите сезони …
Секое хрватско остроо има свој сопствен микро идентитет. Така, Брач е познат по својот камен, Хвар по својата убавина и долгите сончеви денови, Корчула се прослави како рајско место на Марко Поло, Црес е познат по своето маслиново масло и јагнешкото месо, Паг по сирењето и морска сол, Сусак по песочните плажи, но кога сакате да се опуштите, одморите и да бидете активни, на Лошињ ќе го најдете токму тоа што го барате.
Убавината на непознатото
Во убавите прекрасни заливи на островото Лошињ, опкружени со стогодишна борова шума, ќе најдете луксузни хотели, вили, ресторани, wellness центри, сместени во медитеранско опкружување. А мешавината на луксузот и романтиката, активности, спортови, семејни содржини, спа центри и одлична кујна, чекаат на вас во оваа уникатна бања на море. Сè што е тука е различно, сините заливи во прегратка на островото со мирис на бор, мирта и пелин.
Бутик хотел Alhambra
Овој преубав хотел се наоѓа во во еден од најубавите заливи “Чикат”. Се вели дека заливот е именуван по жените на морнарите кои се навикнати да “чикат”, т.е. да ги чекаат своите морнари да се вратат од долгите патувања по морињата.
Околината е идилична со миризлив шумски парк, во непосредна близина на морето, опкружено со борови дрвја, агави и палми.
Бутик хотелот Алхамбра е составен од Алхамбра, Вила Аугуста и Анекс.
Покрај Алхамбра, се наоѓа вилата Аугуста изградена околу 1908 година во сецесионистички стил. Фасадата е со богато декорирани орнаменти и филигрански разиграни огради на балконите, како и хармонично обликувана градина, која сигурно го заслужува своето име Аугуста, “возвишена”. Зад Алхамбра и Аугуста, сместен е новиот дел на хотелот таканаречен Анекс, вклопен во шумата и хармонично поврзан со постарите убавици.