Новата пролетно – летна колекција 2018. на модниот бренд AKRIS, не освои со интересните кроеви и веселите уметнички дезени на моделите. За оваа сезона брендот својата инспирација ја најде од американскиот архитект и дизајнер Александар Жирар.
Памучниот миди фустан во А линија без ракави, со вертикални дијамант линии како и кашмир кардиганите во комбинација со уметничките принтови се по-класичните варијанти од оваа колекција.
Интересните цртежи кои се појавуваат на шалови, здолништа, пантолони, маици и сакоа, оставаат елегантен и нон шалантен уметнички впечаток.