Тукушто заврши 63. избор за најубава песна на Европа!
Израелската евровизиска песна „Toy“ во изведба на 25-годишната пејачка Нета Барзилаи е победник на Евровизија 2018!
Ова е четврта победа на Израел, кој зад себе ги има двете последователни победи во 1978 и 1979 година, како и онаа во 1998 година, кога земјата ја претставуваше скандалозната Дана Интернејшнал со темата „Diva“.
Евровизиската песна на Нета е потпишана од израелскиот композитор Дорон Медали и продуцентот Став Бегер, а таа настапува со “лупер” уникатен снимач на звук, кој придонесува за свежа и современа комбинација на звуци и влијанија.