Поставете го телескопот на терасата и уживајте во соѕвездијата …
Како што сонцето заоѓа на островот Providenciales, сопствениците на вилата Stargazer можат да се релаксираат на балконот и да уживаат во бескрајниот поглед кон морето и небото над нив. Сместена во заливот Tompson, оваа вила има шест спални соби и исто толку купатила, сместени во три одделни простори за живеење.
Главната вила располага со три спални соби со купатила и големи кревети, а две соби имаат свои балкони, додека гостинската колиба има две спални соби. Ложата покрај базенот има една соба и се нуди како дополнително сместување.
Со површина од околу 1.500 м2, оваа трикатна вила ги има сите стандардни островски удобности – директен пристап до плажа, инфинити базен, џакузи и сауна, како и уникатни детали кои ја одвојуваат од други слични домови во околината. Европскиот стил на декорација совршено е комбиниран со персиските теписи, кинеските детали, белите софи и плетените столици. Кујната е опремена со најсовремени апарати и бар за појадок, додека две одделни трпезарски маси обезбедуваат многу простор за сите други оброци.
Опции за забава постојат во ентериерот и во екстериерот. Отворениот план на просторот вклучува домашно кино, соба за игри, студио за танц и пилатес. Тука е и тениското игралиште и патеките покрај дрвјата, кои водат до скриените места за седење и сончање покрај базенот.