Британската модна куќа Burberry ја внесе уметноста во својот асортиман на очила за сонце …
Неодамна тие ја претставија колекцијата на очила за сонце Doodle, кои се неизбежен додаток за многумина од нас во текот на целата година. Овие уникатни очила имаат интересни цртежи кои ги украсуваат леќите. Од “cat-eye” рамки до квадратни стилови, брендот Burberry ги акцентираше силуетите што ги најде во своите архиви и уште еднаш ни дадоа можност да уживаме во нив.
Без разлика дали барате нов модел на очила за сонце или едноставно сакате да го комплетирате дневниот моден изглед, опциите се повеќе од шик. Овој пат ви презентираме некои од нашите омилени фаворити во нашата галерија.