Секоја девојка барем еднаш посакала да биде Кери Бредшоу … Некои од нив сега ќе имаат можност така да се чувствуваат за време на својот најважен ден.
Актерката која се прослави со својата улога во серијата Сексот и градот, а наскоро потоа стана и дизајнер, се приклучи на брендот Gilt со цел да создаде колекција за невести …
Линијата SJP by Sarah Jessica Parker нуди десет парчиња, кои одат од бодија, преку здолништа до фустани. Достапни во бела, розова, сина, црвена и црна, моделите од оваа колекција имаат цена од $ 295 до $ 2.395. Перли, пердуви, машни и плисе ги красат овие елегантни модели.