Интересен облик на светилка!
Мадридското Mayice Studio ја креираше оваа скулпторска ламба од едно парче заоблено стакло, како дел од студијата за проток на светлина преку конкавни и конвексни форми …
Со должина од над еден метар, лустерот Filamento дебитираше за време на овогодинешната Недела на дизајн во Милано. Студиото Mayice создаде светилка од долга стаклена цевка и еден филамент што создава ефект како ласер во темна соба. Кога светлата ќе се исклучат, ова парче осветлување изгледа како украс или идеална декорација во модерна просторија.
Инаку, ова парче за осветлување е дизајнирано како модуларен систем. Секој модул со должина од 1.26-метри може да се поврзе, а со четири поврзани Filamento парчиња, ова студио формираше пет метарска инсталација за Недела на дизајнот во Милано.