Колекција на очила за сонце од брендот Versace наречена Tribute Collection за пролет/лето 2018 година.
Оваа колекција е креирана во чест на креаторот и легендата на брендот Версаче – Џани Версаче.
За сите оние кои ги обожаваа моделите на легендарните очила кои ги прославија во 90-тите познатите супермодели Наоми, Синди, Кристи, Татјана … еве сега прекрасни вести.
Сега очилата се достапни во “мачкаста силуета” и се украсени со обрасци кои беа популарни во 90-тите години. На располагање се моделите со пеперутки, линии и Vogue принт, од проѕирни материјали до оние со класичниот симбол на златна медуза кои во новата кампања го носи Кристи Тарлингтон.